+A   |  -A
ппп: 389 | ввв: 131812
Skip Navigation LinksНасловна Библиотека на ДЗС

 

Библиотека 

Библиотеката на Државниот завод за статистика е специјализирана библиотека, во која се прибираат, се чуваат и се архивираат публикациите што ги објавува Државниот завод за статистика, како и публикации од статистичките организации на други држави, меѓународни организации и сл.

Фондот е составен од стручна, главно статистичка литература, како и од литература од областа на демографијата, економијата и од други области, во печатена или во електронска верзија и е на слободен достап, при што публикациите на Државниот завод за статистика се распоредени по подрачја, а странските публикации по држави и по корпорации.

Библиотеката располага со читалница и со компјутери што им служат на корисниците за пребарување податоци од повеќе извори, вклучувајќи домашни и странски.

Персоналот во библиотеката им помага на корисниците при добивањето информации за објавени податоци.

Библиотеката располага со електронски каталог што функционира во системот COBISS и овозможува пребарување на фондот според различни белези: наслов, автор, ISBN, ISSN и сл.



Библиотека на Државниот завод за статистика
Даме Груев 4, 1000 Скопје, Република Македонија
телефон/факс +3892/3295738; +3892/3295838
е-пошта:
biblioteka@stat.gov.mk
електронски каталог:COBISS
работно време: од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот


  Публикации пристигнати во библиотеката

  2007
  2008
  2009
  2010
  2011
  I 2012
  II 2012
  III 2012
  IV 2012
  I 2013
  II - III 2013
  2013
   I 2014
   II - III 2014
   2014
   I-II 2015
   III 2015
   2015
   I-III 2016
   


© Државен завод за статистика