+A   |  -A
ппп: 374 | ввв: 107335
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Попис на малопродажните капацитети

Пописот обезбедува податоци за бројот и за територијалната разместеност на продажните капацитети во Република Македонија, потоа за бројот на продавниците по тип на продавница, по трговска дејност, големина на продажниот простор и прирачниот магацин и бројната состојба на работниците што се непосредно вклучени во трговијата на мало.
 
 




Клучни показатели
 
Временска серија





Поими и објаснувања

Класична продавница е деловна просторија во која се врши продажба на стоки на непосреден потрошувач со класичен метод на продажба, при што услугата на продажба се врши на класичен начин, со посредство на продавач.

Самопослуга е продавница изградена специјално или адаптирана за продажба на стоки на мало врз база на самопослужување, т.е. без посредување на продавач.

Киоск е продавница, по правило, со мала продажна површина, со посебна форма и е изградена од разновиден, полесен материјал.

Аптека претставува продавница од класичен тип во која се врши подажба на лекови, но и дрогериска стока или детска храна.

Салон за автомобили претставува класична продавница приспособена за продажба на авомобили.

Бутик класична продавница во која се врши продажба на текстилни производи што се производство на претпријатието во чиј состав се наоѓа продавницата.

Трговски (шопинг) центри претставуваат просторни групации со поголем број продавници од различни типови и димензии.

Број на работници

Работодавци се лица сопственици на претпријатието или на самостојниот дуќан кои истовремено се и на платниот список на продавницата како единица на посматрање.

Продавачи и лица што ја опслужуваат продавницата

Во овиј вид на работници е вклучен и бројот на вработените кои работат полно или со скратено време на определен или на неопределен период и се на платен список на продавницата.

Вработени за сопствена сметка се лица кои имаат сопствен продажен објект и работат во него, а при тоа не вработуваат други лица.

Неплатени семејни работници се лица кои помагаат во продажбата во продавницата која е во сопственост на некој член на нивното домаќинство, со поголем фонд на часови, а не се наоѓаат на платен список на продавницата.

. Површина на продажниот простор

Промет - вкупниот промет остварен во продавницата.


 


© Државен завод за статистика