+A   |  -A
ппп: 293 | ввв: 72254
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

ПРОГРАМА ЗА СТАТИСТИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА, 2013-2017

Програмата за статистички истражувања 2013-2017 е трета петтогодишна Програма што се донесува во Република Македонија по донесувањето на Законот за државната статистика.
Цел за донесувањето на Програмата е обезбедување на конзистентен систем на податоци на државната статистика, врз база на цврсто пропишани национални и меѓународни стандарди, кој ќе биде компатибилен и споредлив со меѓународните статистички системи. Програмата е интегрирачка за сите овластени учесници, за да се оневозможи продуцирање на официјални статистички податоци надвор од системот на државната статистика.

Целта на Програмата е продуцирање на систем на квалитетни статистички информации што ќе го поддржат развојот на пазарната економија во земјата како основа за:

- донесување на квалитетни одлуки во сите сфери на економските, општествените и други дејности од страна на Влада на Република Македонија, надлежните министерства и другите државни органи;
- донесување на квалитетни одлуки од менаџерите во приватниот сектор во анализата и планирањето на развојот на бизнисот;
- донесување на квалитетни одлуки од менаџерите во јавниот сектор;
- поддршка на научните истражувања како носечки сегмент на развојот;
- континуитет на временските серии.

Наедно со Програмата ќе се обезбедат и споредливи податоци за:

- развојот на земјата, а поради потребата за споредба со другите земји во регионот, кандидатите за членки и членките на Европската унија како основа за приближување на Република Македонија кон Европската унија;
- проценка на странските инвеститори за можностите и исплатливоста на инвестиции во сферите на нивниот интерес во Република Македонија;
- приближување на статистичкиот систем на Република Македонија со статистичкиот систем на Европската унија.

Програмата ќе обезбеди податоци и со регионално значење за:

- планирање на регионалниот развој на земјата;
- податоци за согледување на можностите за користење на средства од структурните фондови на Европската унија и тоа кога ќе бидат исполнети другите услови во земјата.

Програмата ќе обезбеди квалитетни статистички податоци и за најшироката јавност за задоволување на нивните барања (медиуми , студенти, ученици и други).


 

 

 

 

 

 

 

 

Документ можете да го преземете на следниот линк: 

 

 

Архива:  Програма за статистички истражувања 2008-2012


     

© Државен завод за статистика