+A   |  -A
ппп: 339 | ввв: 92690
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Шумарство

Статистиката на шумарството ги опфаќа податоците за површината на шумата, искористувањето на шумите, подигањето и одгледувањето на шумите, штетите во шумите, механизациjaта, енергентите, како и податоците за ловството.

Податоците се прибираат со едно тримесечно и повеќе годишни извештаи врз основа на сметководствена и друга евиденција. За државните и приватните шуми извештаите се добиваат од подружниците на Јавното претпријатие “Македонски шуми” и националните паркови.

 
 




Клучни показатели
 
  Површина под шума  ( 2016) : 1001665 хектари

  Пошумена површина  ( 2016) : 1064 хектари

  Пошумена површина  ( 2016/2015) : -12.1 %

  Исечена бруто-дрвна маса  ( 2016) : 890082 m3

  Исечена бруто-дрвна маса  ( 2016/2015) : 4.8 %

Временска серија





Поими и објаснувања

Пошумувањето претставува мерка со која се обновуваат и се прошируваат шумите. Се изведува со садење садници од шумски видови дрвја или сеење семенски материјал од шумски видови дрвја во шума или надвор од шума (на шумско или на друго земјиште).

Исечената бруто дрвна маса ги опфаќа исечените трупци (листопадни и иглолисни),огревното дрво, сите произведени шумски сортименти (обло и техничко дрво) и вкупниот отпадок (струготини и др).


 







© Државен завод за статистика