Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 

Стратегија на ДЗС

Стратегискиот план на Државниот завод за статистика, 2025 – 2027 е основен документ со кој се уредуваат стратегиските приоритети на Државниот завод за статистика во периодот од 2025 до 2027 година. Реализацијата на дефинираните програми и потпрограми треба да обезбеди:

  • Извршување на обврските на Државниот завод за статистика, дефинирaни во  Програмата за статистички истражувања за периодот 2023 – 2027 година и
  • Реализирање на стратегиските приоритети на Владата на Република Северна Македонија поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, односно реализирање на обврските од Националната програма за усвојување на европското законодавство (НПАА).
При подготовката на Стратегискиот план целосно се почитувани: Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања, 2023 – 2027. Покрај тоа, земени се предвид и релевантните документи од Европската комисија со кои се дефинираат стратегиските приоритети на Европскиот статистички систем и според кои се следи прогресот на Државниот завод за статистика. Земени се предвид  препораките од партнерското оценување (Peer Review) на Европската комисија за напредокот во имплементацијата на Кодексот за работа на европската статистика,  како и  препораките од редовните годишни мисии на Евростат (Статистичка служба на Европската комисија),  препораките од годишниот извештај на Европската комисија за оценка на напредокот на Поглавјето 18 – Статистика, во однос на хармонизацијата со стандардите на ЕУ.

 Документот можете да го преземете на следниот линк: Стратегиски план 2025-2027

Годишен план за работа за 2024 година

 Годишен план за работа за 2023 година

 Претходни стратегиски планови:

     

© Државен завод за статистика