Политика на интегритет
Државните органи и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија го прифаќаат интегритетот како темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на корупцијата. Интегритетот е од суштинско значење за економскиот, социјалниот и општествениот просперитет.
Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои слежбените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции.
Засилувањето и подигнувањето на интегритетот е заедничка мисија и одговорност на сите институции во системот и на сите нивоа на власт.
Прифаќајќи ја политиката на интегритет, Државниот завод за статистика се обврзува на:
-
воспоставување на систем на интегритет во институциите,
-
спроведување и поддршка на системот за интегритет и
-
следење и известување за примената на системот за интегритет.
Државниот завод за статистика ги запознва со својата политика за интегритет и припадниците на приватниот сектор, граѓанското општество и граѓаните, барајќи од нив, како партнери во процесот, да ги почитуваат поставените вредности и стандарди во односите со државните органи и институциите од јавниот сектор.
Документот можете да го превземете на следниот линк: Политика на интегритет