Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 

КОДЕКС ЗА РАБОТА НА ЕВРОПСКАТА СТАТИСТИКА

ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ СТАТИСТИЧКИ ОРГАНИ И СТАТИСТИЧКИТЕ ОРГАНИ НА ЗАЕДНИЦАТА
 
ДОНЕСЕН ОД СТРАНА НА КОМИТЕТОТ НА  ЕВРОПСКИОТ СТАТИСТИЧКИ СИСТЕМ НА 28 СЕПРЕМВРИ 2011
 
 
Преамбула
Визија на Европскиот статистички систем1
„Европскиот статистички систем ќе биде светски лидер во статистичките услуги и најзначаен извор на информации за Европската унија и нејзините земји-членки. Врз
основа на научни принципи и методи, Европскиот статистички систем ќе понуди и
постојано ќе надградува програма на хармонизирана европска статистика која
претставува суштинска основа за демократските процеси и напредокот во
општеството".
Мисија на Европскиот статистички систем
„Ние им обезбедуваме на Европската унија, на светот и на јавноста независни и
квалитетни податоци за економијата и општеството на европско, на национално и на
регионално ниво, и ги правиме информациите достапни за секого, за истражувачки
цели, за дискусија, како и за донесување одлуки".
За остварување на оваа мисија и визија, земјите-членки на Европскиот статистички систем се стремат кон меѓусебна соработка и постојана интеракција со корисниците во согласност со принципите на Кодексот за работа на европската статистика и општите принципи за управување со квалитет, вклучувајќи и посветеност на раководството, партнерство, задоволство на вработените и постојано надградување, покрај интеграцијата и хармонизацијата.
 
Кодексот за работа на европската статистика е заснован на 15 принципи од областа на институционалната околина, процесите на статистичко производство и статистичките аутпути.
За секој од принципите постои сет од индикатори за добра практика кои претставуваат референтни точки за следење на имплементацијата на Кодексот. Критериумите за квалитет на европската статистика се дефинирани во Законот за европската статистика2.
Статистичките органи3 кои ги сочинуваат Комисијата (Евростат), националните статистички институти и други национални органи одговорни за развој, производство и дисеминација на европска статистика4, заедно со владите, министерствата и Европскиот совет, се обврзуваат да го почитуваат Кодексот.
Принципите од Кодексот за работа, заедно со општите принципи за управување со квалитет, претставуваат заедничка рамка за квалитет во Европскиот статистички систем. 
 
1 Регулатива (ЕС) 223/2009, член 4
2 Регулатива (ЕС) 223/2009, член 12
3 Регулатива (ЕС) 223/2009, членови 4 и 5
4 Регулатива (ЕС) 223/2009, член 1. Во Кодексот за работа, „другите национални органи одговорни за развој, производство и
дисеминација на европска статистика" се именувани како „други статистички органи".
 
 

     

© Државен завод за статистика