Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 
 
Вработените од ДЗС активно учествуваат во следењето и ажурирањето на Националната програма за преземање на законодавството на ЕУ (НПАА) во поглед на вклучените цели и активности што се предвидуваат секоја година. ДЗС како носител и координатор на Работната група број 18 – Статистика, континуирано го организира и координира работењето на работната група со цел редовно, квалитетно и навремено следење и информирање за напредокот во усвојување на законодавството, со неделна, месечна, квартална и годишна периодика.
 
Во насока на следење на напредокот во процесот на усогласување со стандардите на ЕУ, секоја година се одржува состанок на Поткомитетот за економски и финансиски прашања и статистика, и тоа една година во Скопје, една година во Брисел. 
 
Интензивната и добро воспоставена соработка помеѓу статистичкиот завод на ЕУ -Евростат и ДЗС се унапредува со секој преземен следен чекор. Покрај учествата на состаноците на работните групи на Евростат, од голема корист за ДЗС во примената на европското законодавство во статистиката се и консултациите, оценките и препораките од Еуростат. Секоја година, во Скопје, се одржува годишна мисија на Евростат која има за цел:
 
·         да го следи прогресот од претходната мисија за оценка и да ја оцени тековната ситуација на статистиката во статистичкиот систем на Република Македонија,
·         да се дискутира процесот на трансмисија на податоци,
·         да се дискутираат тековните и идните повеќе-кориснички и национални проекти, донирани од страна на ЕК или други донатори.

     

© Државен завод за статистика