Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


 
Политика на ревизија на статистичките податоци

Примената на Политиката за ревизија во различни статистички области е важен аспект на „праксата на добро управување“ во државната статистика и нејзината важност е подеднаква како на национално, така и на меѓународно ниво.

Ревизијата е составен дел од редовната статистичка продукција, која придонесува кон подобрување на квалитетот на продуцираните статистички податоци, како и нивната точност.

Имајќи предвид дека мисијата на Државниот завод за статистика е продукција на квалитетни и споредливи статистички податоци, со Политиката за ревизија се утврдува еден важен инструмент за подобрување на квалитетот на статистичките податоци.

Основна цел на Политиката за ревизија е да се постигне поголема транспарентност на целата постапка за ревизија на статистичките податоци, а со тоа веруваме дека ќе се зголеми довербата во официјалната статистика и корисноста на статистичките податоци.

Политиката за ревизија е разгледана и позитивно оценета од страна на Стручниот колегиум на Државниот завод за статистика и Стручно- методолошкиот совет на Државниот завод за статистика. Политиката е донесена од страна на директорот на Државниот завод за статистика.

Документот можете да го преземете на следниот линк: Политиката на ревизија на статистичките податоците

Повеќе информации можете да добиете на следниот линк


     

© Државен завод за статистика