Skip Navigation LinksНасловна Класификации

  Класификации

 
Класификација на функциите на Владата

Класификацијата на функциите на Владата е донесена како национален стандард со Одлука на Владата на Република Македонија во 2006 година (“ Службен весник на Република Македонија” бр. 121/2006).

Класификацијата на функциите на Владата е една од класификациите кои се употребуваат во системот на владина финансиска статистика која се однесува на владата и јавниот сектор, дефинирани во Системот на национални сметки 93 (СНС 93).

Класификацијата на функциите на Владата е во функција на постигнување на што поголема конзистентност и хармонизација на статистичките истражувања во статистичкиот систем на земјата. Според неа се врши распоредување, односно класифицирање на единиците на владата според описот на содржината на одделите, групите и класите кои се наведени во самата Класификација. Таа се користи за усогласување на монетарната, финансиската и статистиката на националните сметки, како и другите статистички области. Воведувањето на меѓународно прифатените стандарди им овозможува на аналитичарите да ги користат владините финансиски стандарди во вкрстените анализи на податоците за владините активности.

Класификацијата обезбедува основа за подготовка на публикации и дисеминација на податоци имајќи ги предвид концептите и на останатите домени од статистиката кои се поврзани со националните сметки. Интерпретацијата на податоците за владините финансии според Класификацијата на функциите на Владата ги покрива прибирањето на податоците, обработката, валидацијата и нивното внесување во базата на податоци во национални и во рамки на останатите меѓународни институции.

Класификацијата има десет оддели кои се поделени во групи, а овие во класи. Одделите ги опишуваат општите цели на Владата, додека групите и класите го одредуваат начинот, односно средствата со кои се постигнуваат овие пошироки цели. Иницијалите “КУ” и “ИУ” означуваат дали услугите што се даваат се колективни или индивидуални. Ова разграничување е направено со цел да послужи при пресметките на финалната потрошувачка и вистинската финална потрошувачка во националните сметки.

Од гледна точка на употребата, Класификацијата ја применуваат носителите на статистичкиот систем во земјата, а особено широка употреба, покрај во Државниот завод за статистика, има и во Министерството за финансии и во Народната банка на Република Македонија.


  Преземи последна класификација



  Список на држави

  Обрасци за давателите на податоци


© Државен завод за статистика