Skip Navigation LinksНасловна Класификации

  Класификации

 
Класификација на целите на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата

Класификацијата на целите на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата е донесена како национален стандард со Одлука на Владата на Република Македонија во 2007 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 65/2007).

Потребата од донесување на Класификација на целите на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, како национален стандард, е базирана на препораките на Европскиот систем на сметки (Комисија на Европската заедница) и Системот на национални сметки (Комисија на Европската заедница, Организација за економска соработка и развој, Меѓународен монетарен фонд, Обединети нации и Светска банка) за воспоставување на класификациите на трошоците според целите:

- Класификација на индивидуалната потрошувачка, според целите, COICOP (Classification of individual consumption by purpose);

- Класификација на функциите на владата, COFOG (Classification of the functions of government) и

- Класификација на целите на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, COPNI (Classificatиon of the purposes of non-profit institutions serving households).

Класификациите служат за определување на трансакциите на производителите на стоки и услуги од страна на трите сектори: Државата, Домаќинствата и Непрофитните институции кои им служат на домаќинствата.

Непрофитните институции кои им служат на домаќинствата се правни субјекти кои се основани со цел да произведуваат стоки или услуги за кои, според нивниот карактер, не е дозволено да бидат извор на приходи, профит или други финансиски примања на единиците кои ги основале, кои ги контролираат или ги финансираат.

Во секторот Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата се вклучени два главни вида на НПИСД кои им даваат стоки или услуги на своите членови или на други домаќинства без надомест или по цени кои немаат економско значење:

а) синдикати, професионални или образовни друштва, политички партии, цркви или религиозни друштва, културни, рекреативни и спортски клубови;

б) добротворни друштва и организации за помош кои се финансирани со добротворни трансфери во готово или во натура од други институционални единици.

Во согласност со Класификацијата на целите на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, се поврзуваат “функциите” во смисла на намената и целите на определени трансакции кои се извршуваат од страна на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата.

Главната употреба на Класификацијата е да се класифицираат трошоците на НПИСД на начин кој ќе биде конзистентен со целите на индивидуалната потрошувачка на домаќинствата и државата со цел да се пресмета вистинската крајна потрошувачка на домаќинствата (вистинската индивидуална потрошувачка како еден од агрегатите во согласност со методологијата СНС 93).

Класификацијата на целите на НПИСД е во функција на постигнување што поголема конзистентност и хармонизација на статистичките истражувања во статистичкиот систем на земјата. Според неа се врши распоредување, односно класифицирање на единиците на НПИСД според описот на содржината на одделите, групите и класите кои се наведени во самата Класификација.

Класификацијата има девет оддели кои се поделени во групи, а овие во класи. Одделите ги опишуваат општите цели на НПИСД, додека групите и класите детално ги опишуваат целите со цел полесно идентификување на одделните активности на НПИСД и определување на соодветна шифра од Класификацијата според целите на НПИСД.

Класификацијата обезбедува основа за подготовка на публикации и дисеминација на податоци имајќи ги предвид концептите и на останатите домени на статистиката кои се поврзани со националните сметки. Интерпретацијата на податоците за НПИСД, според Класификацијата, ги покрива прибирањето на податоците, обработката, валидацијата и нивното внесување во базата на податоци во национални и во рамки на останатите меѓународни институции. Воведувањето на меѓународно прифатените стандарди им овозможува на аналитичарите да ги користат тие стандарди во вкрстените анализи на податоците за НПИСД.

Од гледна точка на употребата, Класификацијата ја применуваат носителите на статистичкиот систем во земјата и корисниците на статистичките податоци.


  Преземи последна класификација



  Список на држави

  Обрасци за давателите на податоци


© Државен завод за статистика