Skip Navigation LinksНасловна Класификации

  Класификации

 
Класификација на институционални сектори

Потребата од изменување на Класификација на институционалните сектори објавена во Службен весник бр. 80/05 е резултат на имплементирањето на методологијата Европски систем на сметки (ЕСС 2010) која во целост е усогласена со методологијата на Организацијата на Обединетите нации (OOН), Систем на национални сметки (СНС 2008). Со примената на новата методологија, односно новата Класификација на институционалните сектори, која е објавена во Службен весник бр. 75/16, ќе се обезбеди посеопфатен приказ на финансиските услуги, како резултат на развојните трендови во еден од најбрзо растечките сегменти во повеќето национални економии. Поради тоа, новата Класификација на институционалните сектори обезбедува ново расчленување на финансиските друштва и зголемување на бројот на потсекторите од пет на девет.

Со примената на класификацијата на институционалните сектори се овозможува компарабилност на податоците за институционалните сектори со земјите членки на Европската Унија во рамки на ЕСС 2010 - програмата за трансмисија на податоците. Интерпретацијата на податоците за институционалните сектори согласно класификацијата на институционалните сектори ги покрива прибирањето на податоците, обработката, валидацијата и нивното внесување во базата на податоци во национални рамки како и во рамки на ЕУРОСТАТ и останатите меѓународни институции. Истовремено класификацијата обезбедува единствена основа за подготовка на публикации и дисеминација на податоци имајќи ги предвид концептите и на останатите домени од статистиката кои се поврзани со националните сметки, а особено со секторските сметки.

Класификацијата на институционалните сектори е во функција на постигнување на што поголема конзистентност и хармонизација на статистичките истражувања во статистичкиот систем на земјата. Таа ќе се користи за усогласување на монетараната, финансиската и статистиката на националните сметки како и другите статистички области. Од гледна точка на употребата класификацијата ќе ја применуваат носителите на статистичкиот систем во земјата, а особено широка употреба покрај Државниот завод за статистика ќе најде и во Народната банка на Република Македонија и Министерството за финансии.

Класификација на институционални сектори, 2010


  Преземи последна класификација



  Список на држави

  Обрасци за давателите на податоци


© Државен завод за статистика