Национална номенклатура на индустриски производи, 2013
За да се обезбеди продукција на статистички податоци според дефинирани стандарди неопходна е примена на статистички класификации. Процесот на хармонизација на македонската статистика со европските статистички стандарди е одбележан со усвојување и примена на европските статистички методологии, номенклатури и класификации.
Во овој систем на класификации од особено значење е постоењето на Националната номенклатура на индустриски производи. Државниот завод за статистика во 2000 година ја донесе првата Национална номенклатура на индустриски производи (ННИП) што беше усогласена со европските стандарди. Меѓутоа, усвојувањето на новата верзија на европската Номенклатура - PRODCOM од 2005 година ја наметна потребата од ревизија на постоечката Национална номенклатура. Со донесувањето на Националната номенклатура на индустриски производи, 2005, се обезбеди нејзина потполна усогласеност со Комбинираната номенклатура за надворешна трговија. Заради големите и значајни промени во структурата на европската класификација NACE Рев.2, направени се промени и во структурата на Националната номенклатура на индустриски производи 2008 (ННИП 2008). Во 2013 година Државниот завод за статистика изврши усогласување на Националната номенклатура на индустриски производи (ННИП) за 2008 година со PRODCOM List 2012.
Бидејќи усогласувањето на PRODCOM List, како основен стандард за PRODCOM (PROduction COMunauitare), истражувањето за индустриското производство во Европската унија, според прописите на ЕУ се извршува годишно, Државниот завод за статистика од 2013 година ќе врши годишно усогласување на Номенклатурата на индустриски производи (ННИП) со PRODCOM List.
ННИП 2013 содржи стандардни шифри и називи на дејностите, групирани на ниво на сектори, оддели и називи на индустриските производи и услуги, подредени според шифрите на производите по растечки редослед.
Примената на ННИП 2013 во Република Македонија како национална номенклатура е регулирана со нејзиното усвојување од страна на Владата на Република Македонија и објавувањето во “Службен весник на РМ” бр. 83/14.
Национална номенклатура на индустриски производи, 2005 Национална номенклатура на индустриски производи, 2008 Национална номенклатура на индустриски производи, 2012
Преземи последна класификација
|