Националната номенклатура на земјоделски производи, производи на шумарството, ловот и риболовот и услуги поврзани со нив
Националната номенклатура на земјоделски производи, производи на шумарството, ловот и риболовот и услуги поврзани со нив е наменета за статистички цели, односно за обработка на податоците, нивна споредба и анализирање.
Првата Номенклатура на земјоделски производи и услуги во земјоделството, Државниот завод за статистика ја донесе во 2003 година.
Во 2011 година е подготвена Националната номенклатура на земјоделски производи, производи на шумарството, ловот и риболовот и услуги поврзани со нив, 2011. Оваа Номенклатура е подетална во однос на Номенклатурата од 2003 година бидејќи покрај земјоделските производи, производите на ловот и риболовот, ги опфаќа и производите на шумарството.
Националната номенклатура на земјоделски производи, производи на шумарството, ловот и риболовот и услуги поврзани со нив, 2011 е подготвена врз основа на Класификацијата на производи по дејности 2008 (КПД 2008) која е усогласена со Европската класификација на производи по дејности (Classification of products by activity - CPA, 2008), со Комбинираната номенклатура која се применува во европскиот статистички систем (Combined Nomenclature - CN) и со Хармонизираниот систем на тарифни ознаки и називи на стоките (Harmonised system - HS), 2011 кој се применува во статистиката на надворешно - трговскиот промет со стоки.
КПД 2008 е производна класификација во која производите се класифицираат според дејностите дефинирани во Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2. Системот на шифрирање во Националната номенклатура на земјоделски производи, производи на шумарството, ловот и риболовот и услуги поврзани со нив, 2011 е усогласен со системот на шифрирање на КПД 2008.
Шифрите во Националната номенклатура на земјоделски производи, производи на шумарството, ловот и риболовот и услуги поврзани со нив, 2011 се осумцифрени, при што првите шест цифри се преземени од КПД 2008. Останатите две цифри се воведени за опфаќање на производи со цел задоволување на националните потреби.
Преземи последна класификација
|