Национална класификација на дејности - НКД Рев.2
Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2 е класификација на економските дејности во Република Македонија која се користи за прибирање, обработка и публикување на статистички податоци, како и за анализа и насочување на општествениот и економскиот развој и неговите структурни промени. Исто така, Класификацијата се користи за распределување на деловните субјекти (правни и физички лица) според дејноста што ја вршат, водење на деловни регистри, како и за други административни цели.
Националната класификација на дејностите - НКД - Рев.2 е донесена како национален стандард врз основа на Одлука на Владата на Република Македонија („Сл. весник на РМ”, бр. 147/08) и Законот за едношалтерскиот систем и за водење на Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица („Сл.весник на РМ” бр.84/05).
Основна цел на Класификацијата на дејностите е да обезбеди основа за споредливост на статистичките податоци на Република Македонија на европско и на светско ниво. Националната класификација на дејностите - НКД - Рев.2, според содржината и структурата е во потполност усогласена со Европската класификација на дејностите NACE Rev.2. ( Regulation (EC) No.1893/2006 of European Parlament and Council of 20 Decembar 2006establishing the statistical classification of economic activities NACE Revision 2 and amending Council Regulation ( EEC) No 3037/90 as well as certain EC Regulations on specific statistical domains OJ L/363).
Новиот концепт на Националната класификација на дејностите - НКД - Рев.2 се состои во тоа што е променета структурата, критериумите за конструкција на Класификацијата и ревидирани се објаснувањата, но општите карактеристики на Класификацијата остануваат непроменети.
Националната класификација на дејностите - НКД - Рев.2 е составена од четири хиерархиски нивоа: сектор, оддел, група и класа. Класификацијата на дејности има 21 сектор, 88 оддели, 272 групи и 615 класи.
Во 2013 година, со Одлука на Владата на РМ е направена измена и дополнување на Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2. Според оваа Одлука, во Националната класификација на дејностите - НКД - Рев.2, дејностите се групираат на ниво на сектори, оддели, групи, класи и поткласи. Класификацијата на дејностите има 21 сектор, 88 оддели, 272 групи, 615 класи и 4 поткласи.
Примената на измените на Националната класификација на дејностите - НКД - Рев.2 започнува од 1 јануари 2013 година.
Преземи последна класификација
|