Национална класификација на занимањата, 2015
Националната класификација на занимањата претставува национален стандард и инструмент кој се употребува при прибирање, евидентирање, обработување, анализирање и публикување на податоци важни за следење на промените кои настануваат на пазарот на трудот во Република Македонија.
Целта на оваа Класификација е согледување и правилно систематизирање на работните занимања од страна на корисниците, а истовремено да послужи и како алатка за следење на промените кои настануваат во структурата на работната сила во услови на пазарна економија.
Националната класификација на занимањата е подготвена според начелата на Меѓународната стандардна класификација на занимањата ISCO-08 и овозможува одлични услови за споредување на податоците за занимањата според содржината, видот, организацијата на работата, технологијата и др., како на национално, така и на меѓународно ниво.
Националната класификација на занимањата има хиерархиска структура и поставеност. Занимањата се поделени на четири нивоа и тоа: 10 главни групи, 40 подгрупи, 124 споредни групи и 433 единечни групи.
Во ревидираното издание се идентификувани вкупно 4145 поединечно занимање, за кои постојат посебни соодветни шифри составени од по шест цифри.
Оваа Класификација на занимањата им е наменета на сите корисници во Република Македонија, а особено на министерствата, институциите и деловните субјекти кои прикажуваат и следат меѓународно споредливи податоци од областа на пазарот на трудот.
Националната класификација на занимањата е усвоена како национален стандард со Одлука на Владата на Република Македонија во 2015 година ("Службен весник на Република Македонија" бр. 178 од 15 октомври 2015 година).
Национална класификација на занимањата 2011
Преземи последна класификација
|