Номенклатура на територијални единици за статистика - НТЕС
Владата на Република Македонија во декември 2007 година ја усвои Номенклатурата на територијални единици за статистика - НТЕС („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158 од 28.12.2007).
Како резултат на примената на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, според кој општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица стануваат дел од Општина Кичево, Владата на РМ донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на Номенклатурата на територијалните единици за статистика - НТЕС („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10 од 20.1.2014). Измените и дополнувањата се однесуваат на НТЕС ниво 4 и НТЕС ниво 5. Номенклатурата на територијалните единици за статистика - НТЕС е заснована на територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија и на класификацијата на Европската унија Nomenclature of Territorial Units for Statistics - NUTS.
Основната цел на класификацијата НТЕС е да обезбеди единствена и унифицирана поделба на територијалните единици на регионално и на локално ниво. НТЕС е основа за прибирање, обработка и публикување на регионална статистика и се користи за планирање и водење на регионалната политика во Република Македонија. Номенклатурата НТЕС има 5 нивоа.
НТЕС 2007
Преземи последна класификација
|