Skip Navigation LinksНасловна Класификации

  Класификации

 
Номенклатура на градежни објекти и градежни работи

Државниот завод за статистика, како одговорна институција за продуцирање на официјалната статистика и како координатор на статистичкиот систем во Република Македонија, се стреми кон продуцирање на релевантни, објективни и меѓународно споредливи статистички податоци. Продуцирањето на споредливи статистички податоци на европско и на меѓународно ниво неминовно бара ревидирање на постоечкиот класификациски систем и хармонизација на статистичкиот систем на земјата со статистичките системи на земјите од Европската унија.Во процесот на хармонизација на македонската статистика со европските статистички стандарди од особено значење беше усвојувањето и примената на европските статистички методологии, номенклатури и класификации.

Една од нив е и Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи (НГОГР).

Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи, 2015 (НГОГР) е поврзана со eвропската Classification of Types of Constructions (CC) од 1998 и со националната Класификација на производи по дејности од 2015 година.

Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи, 2015 (НГОГР), целосно го покрива секторот Градежништво (F/Ѓ ) од Класификацијата на производи по дејности (КПД/2015), т.е. од Националната класификација на дејностите Рев.2 (НКД Рев.2/2008).

Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи, 2015 (НГОГР), се применува во статистичките истражувања и пописите кои содржат податоци за градежните објекти; градежните работи; реконструкција, санација, адаптација, големи поправки и редовно одржување на објектите, т.е. за бројот и/или количините и/или вредностите и/или цените во секторот Градежништво (F/Ѓ ) и овозможува споредби на статистичките податоци на европско и на меѓународно ниво.

Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи, 2015, е подготвена во Одделението за методологија, квалитет на статистички истражувања и класификации.


  Преземи последна класификација



  Список на држави

  Обрасци за давателите на податоци


© Државен завод за статистика