+A   |  -A
ппп: 418 | ввв: 92444
Skip Navigation Links
Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ

Твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ (МК 12 ИПА ST 01 16)" финансиран од Европската унија, започна на 17 октомври 2016 година и ќе трае 16 месеци. Овој Проект е финансиран од страна на Европската Унија и е заеднички имплементиран од страна на земјата-корисник (ДЗС), и партнерите од земјите-членки (ISTAT и SURS).

Целта на Твининг-проектот е да се зајакне капацитетот на Државниот завод за статистика, со цел за понатамошно подобрување на усогласеноста со законодавството на ЕУ во три главни столба на националниот статистички систем: Национални сметки, Деловни статистики, Социјални статистики.

Општата цел за која треба да придонесе овој Проект е подобрување на процесот на донесување на одлуки од страна на владините институции, компаниите и граѓаните во земјата, преку производство на сеопфатни и статистички споредливи податоци во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди, со цел понатамошно унапредување на демократијата и пазарно ориентираната економија.

Државниот завод за статистика (ДЗС), како земја-корисник, е професионална и независна организација во рамките на државната администрација. Заводот е главниот актер и координатор на официјалната статистика во земјата.

Партнер на ДЗС е Италијанскиот национален институт за статистика (ISTAT) кој е надлежен орган за производство на официјални статистики во Италија и најголем производител на економски и социјални податоци во земјата. Тоа е организација од јавен карактер која спроведува истражувања од јавен карактер и работи според јавното право, целосно независно и во постојана интеракција со академската и научната заедница. Државниот завод за статистика на Република Словенија (SURS) е главниот производител и координатор на националните статистички податоци во Словенија. Во согласност со Законот за национална статистика, SURS е професионална независна владина служба.

Голем број на други заинтересирани страни, исто така, ќе бидат вклучени и ќе имаат придобивки од Проектот.

Со цел постигнување на целите на Проектот, треба да се исполнат следниве задолжителни резултати:

  • Имплементирање на Европскиот систем на сметки 2010 (Компонента 1)
  • Подобрување на бизнис-статистиките (Компонента 2)
  • Подобрување на статистиката за истражување и развој, статистиката на пазарот на трудот и статистиката за приходи и услови за живеење (Компонента 3)

Како и сите твининг-проекти, Проектот ги приближува експертизите на земјите-членки на Европската Унија и експертизата на земјата-корисник со цел да се постигнат конкретни задолжителни и оперативни резултати преку peer-to-peer активности. Во текот на Проектот ќе бидат спроведени голем број на активности групирани во трите компоненти на Проектот, со голем број на експерти од националните статистички институции во Италија и Словенија кои ќе работат заедно со вработените во ДЗС.

Во првиот квартал успешно беа спроведени четири мисии, додека во вториот и третиот квартал се предвидени 25 мисии (видете: Проектни активности).

Основни податоци

Наслов на Проектот:
„Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“ (МК 12 IB ST 01)

Главен корисник: Државен завод за статистика (ДЗС)

Земји-членки, партнери во имплементацијата: ISTAT - Италијанскиот национален институт за статистика (MS водечки партнер); Државниот завод за статистика на Република Словенија SURS - (MS помлад партнер)

Период на имплементација: 17 октомври 2016 - 16 февруари 2018 година; 16 месеци

Буџет: вкупниот буџет е 742.105 евра од кои 5% како национален јавен придонес.

Проектот е финансиран од 2012 година преку Националната програма IPA TAIB на Европската Унија.


За повеќе информации

Постојан твининг-советник
Донатела Зиндато
+389 (2) 3295 679
dzindato.ipa2012@stat.gov.mk

Постојан твининг-советник од земјата-корисник
Слаџана Шавкулоска
+389 (2) 3295 768
sladjana@stat.gov.mk

Асистент на постојаниот твининг-советник
Марија Јанакиевска
+389 (2) 3295 779
marijaj@stat.gov.mk

Европската унија е составена од 28 земји-членки кои одлучија постепено да се поврзат заедносо нивното знаење, ресурси и судбини. Заедно, за време на периодот на проширување од 50 години, тие изградија зона на стабилност, демократија и одржлив развој, проследено со одржување на културната разновидност, толеранцијата и индивидуалните слободи. Европската Унија е посветена на споделување на своите достигнувања и вредности со земјите и народите надвор од нејзините граници. Европската комисија е извршното тело на ЕУ.
 http://ec.europa.eu/index_en.htm


Новости

27.04.2017
Втор состанок на Управниот комитет на
твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за
статистика во градењетона капацитетите и
унапредување на усогласеноста на статистиките со
стандардите на ЕУ“. (кликни тука)

31.01.2017
Техничка работилница на темите кои се опфатени
од страна на проектот се одржа на 31 јануари,
Хотел Парк во Скопје (види Настани).

30.01.2017
- Церемонија за отпочнување на проектот
- Прв состанок на Управниот одбор

15.11.2016
- Внатрешен почетен состанок

Настани

Техничка работилница
Дневен ред
Презентации
- Интегриран систем на статистички податоци за
макроекономските анализи

- Регулатива на ЕУ за рамка на STS
- Употребата на административни податоци во
пописот на населението и домувањето

Иницијален сосотанок
Дневен ред
Презентации
- Важноста на официјалната статистика во
процесот на пристапување кон ЕУ

- Твининг-преглед на проектот
- Испорака на проектот, размена на знаења
и одржливост


Информации за проектот

Фише на проектот

Флаери

Соопштение за јавност за церемонијата за
започнување на проектот


Документи

Прирачник за твинингот

Твининг-обрасци

Извештаи за TAIEX и твининг-активностите


Проектни активности

Компонента 1

Компонента 2

Компонента 3



© Државен завод за статистика