+A   |  -A
ппп: 592 | ввв: 169160
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Прв состанок на Управниот комитет на Твининг-проектот
вторник, 31 јануари 2017

 Вчера во Скопје се одржа првиот состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика во градењето на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиките со стандардите на ЕУ“.
На состанокот учествуваа проект-лидерите од земјите-учеснички, како и од институцијата-корисник (Државниот завод за статистика), како и лидерите на трите компоненти кои се опфатени со Проектот – Национални сметки, Бизнис-статистики и Социјални статистики.
Беа одржани презентации за поставените цели и очекуваните резултати од Проектот, а беше разгледан и првиот тримесечен извештај за реализираните мисии во рамките на Проектот.



© Државен завод за статистика