+A   |  -A
ппп: 548 | ввв: 182116
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Трет состанок на Управниот комитет на Твининг-проектот
четврток, 27 јули 2017

 

На 20.07.2017 год. во Скопје се одржа третиот состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика во градењето на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиките со стандардите на ЕУ“.


На состанокот беше разгледан и усвоен и третиот тримесечен извештај за Проектот и беа презентирани и дискутирани планираните активности за следниот период..


Од почетокот на имплементацијата на Проектот, октомври 2016, реализирани се 35 мисии и една студиска посета. Во третиот квартал се реализирани 16 мисии на кои учествуваа 95 лица од ДЗС (плус 2 лица од Пензискиот фонд) и студиската посета.


Имајќи предвид дека до крајот на имплементацијата на Проектот (февруари 2018) треба да се реализираат уште 41 мисија и 2 студиски посети, беше подготвена анализа за статусот на реализацијата на одредниците и меѓурезултатите. Врз основа на резултатите од анализата, Управниот комитет заклучи дека е од витално значење да се побара продолжување на времетраењето на Проектот, сè со цел да се овозможи успешна реализација на задолжителните резултати.


Покрај оваа промена, Управниот комитет заклучи дека треба да се побара замена на проектниот лидер на земјата-корисник во основниот договор, бидејќи Државниот завод за статистика има нов в.д директор, г. Апостол Симовски.





© Државен завод за статистика