+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Животна средина





Отпад според секторите на економска активност, 2018 година

вторник, 31 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, секторите со економска активност во Република Северна Македонија во 2018 година создале 1 143 илјади тони отпад. Од вкупното количество создаден отпад, 98.21 % се неопасен отпад и 1.79 % се опасен отпад. Најмногу отпад е создаден во секторот Преработувачка индустрија - 531 илјади  тони (46.54 %).

Во 2018 година вкупно се третирани 1 142 илјади тони отпад. Количеството на рециклиран отпад изнесува 524 илјади тони. Според видовите отпад што е рециклиран, најголемо е количеството на отпад од категоријата Отпадоци од железен метал, необоени метали, Отпадоци од хартија и картон и Отпадоци од пластика.

Од создадениот отпад, 1 145  тони се складиран отпад. 

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика