+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Деловни тенденции





Деловни тенденции во трговијата на мало, третото тримесечје од 2018 година

среда, 17 октомври 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2018 година е ист во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0.5 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година .

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а e понеповолна и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Се очекува да биде понеповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е зголемено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2018 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали.

Продажните цени во третото тримесечје од 2018 година се зголемиле во однос на претходното, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 22.8 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19.1 %, недостигот на обучен кадар со 15.5 % и зголемената понуда на пазарот со 14.0 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика