+A   |  -A
ппп: 596 | ввв: 175590
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              

Соопштението е од областа: Животна средина





Трошоци за заштита на животната средина, 2016 година

петок, 30 јуни 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната
средина во 2016 година изнесува 9 778 945 илјади денари.
Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што
следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (41.5%), потоа учеството на трошоците
за управување со отпадни води (33.8%) и трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (8.7%).
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита
на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на
инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 54.7%, а учеството на трошоците
за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 45.3%.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и
специјализираните производители, 6 378 657 илјади денари, односно 65.2%.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители,
54.1% се наменети за инвестиции, а 45.9% се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е
учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 61.3%.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика