+A   |  -A
ппп: 523 | ввв: 183253
Skip Navigation Links

Лични податоци

 

Име и презиме:                  Апостол Симовски

Датум на раѓање:               28.08.1961

Етничка припадност:        Македонец

Брачен статус:                  Оженет (две деца)

 

Образование:                    

- Економски факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, Република Македонија

- Обука за Планирање на пописни активности во Бирото за попис на САД, Вашингтон, јуни 1996   

- Обука за контрола на квалитетот на податоците, организирана од Бирото за попис на САД, Скопје, мај 2001

- Обука за подготовка на Проекции на населението во Бирото за попис на САД, Вашингтон, мај 2005

 

Познавање на странски јазици:

Англиски, српски, хрватски

 

Членство во професионални тела:

EAPS (Европска асоцијација за студии за населението)

 

Други вештини: Microsoft Office, SPSS, STATA, PC-AXIS

 

Стручни кваливикации и искуства: 

  • Искуство во сите активности поврзани со спроведување на пописите на населението, домаќинствата и становите во 1991, 1994 и 2002;
  • Искуство во изработка на Процени на населението на средината  и на крајот на годината во меѓупописните години;
  • Искуство во изработка на краткорочни прогнози на населението;
  • Искуство во изработка на долгорочни проекции на населението;
  • Учество во набљудувачката мисија на Советот на Европа за Пописот на населението во Република Молдавија, 2004;
  • Учество на меѓународни состаноци во организација на Евростат, ОН и други меѓународни институции;
  • Учество на меѓународни работилници и други облици на професионална обука;
  • Учество на три меѓународни конференции во организација на EAPS (Европска асоцијација за студии за населението) - Варшава, Хаг и Хелсинки;
  • Учество на три балкански демографски конференции во организација на Балканското демографско здружение - Солун, Сараево, Белград; 
  • Член на експертска група во Советот на Европа за проектот „Демографски последици од економската транзиција во земјите од Централна и Источна Европа“;
  • Член на тимот кој ги подготви првите Проекции на населението во Република Македонија;
  • Изработка на првите Процени на население и првите краткорочни прогнози на населението во Република Македонија;
  • Значајно искуство во спроведувањето на истражувањата: Анкета за консумирање на пиво во Република Македонија; Истражување MICS (Multi Indications Cluster Survey) организирано од страна UNICEF; Истражување за корупцијата во Западен Балкан; Истражување за индексот на социјална инклузија на општинско ниво во Република Македонија; Анкета за мерење на невработеноста во Република Македонија;  Истражување за рејтинзите на гледаност на документарни серии за модернизација на земјоделството; Истражување за понудата на станови во Република Македонија; Истражување за демографските состојби во Источниот планско-развоен регион на Република Македонија (Институт за социолошки и политичко-правни истражувања).
  • Меѓународен експерт во проектот на ЕУ (фаза I) за помош на статистичките институции во Босна и Херцеговина за Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2011 година.

 

Професионално искуство:

27 јуни 2017 до денес  -  в.д.директор на Државниот завод за статистика 

2010 до 26 јуни 2017 - виш соработник во Секторот за деловни статистики, земјоделски статистики и статистики на животната средина, Одделение за цени           

 2008 - 2010 - советник во Секторот за информатичка поддршка, Одделение за методологии

Ноември 2005 - септември 2006 - директор на Државниот завод за статистика 

 2003-2005 и 2006-2008 - раководител на Одделението за демографија во Секторот за социјални статистики                                    

 2001- 2003 - советник во Одделението за демографија во Секторот за социјални статистики                            

 1999 - 2001 - советник во Одделението за методологии во Секторот за информатичка поддршка 

 1991-1999 -  стручен соработник во Одделението за демографија во Секторот за социјални статистики         

 

Позначајни објавени трудови:

  • Demographic consequences of economic transition in countries of central and eastern Europe, Directorate III - Social Cohesion, Council of Europe Publishing
  • Проекции на населението во Република Македонија до 2020 година, по возраст и пол, Државен завод за статистика на Република Македонија, 2008 година
  • Демографски трендови во Република Македонија 1948-2001 година, Државен завод за статистика на Република Македонија, 2002 година
  • Стареење на населението во Република Македонија, Државен завод за статистика на Република Македонија, 2001 година
  • Индекс на социјална инклузија на општинско ниво во Република Македонија, Институт Евробалкан, 2011 година


© Државен завод за статистика