+A   |  -A
ппп: 12251 | ввв: 301064
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен


Извор на податоците

Податоците за просечната исплатена месечна бруто-плата се од редовното месечно статистичко истражување Труд.1 со кое се опфатени 70% од вработените во секој оддел од Националната класификација на дејностите.
Со истражувањето се опфатени сите вработени кои засновале работен однос (на определено или на неопределено време) со деловните субјекти од сите облици на сопственост и органите на државната власт, органите на локалната самоуправа, политичките партии, општествените организации и здруженија во Република Македонија.

Во истражувањето не се опфаќаат: лицата кои самостојно вршат дејност-професија и лицата кои работат кај нив и индивидуалните земјоделци.

Опфат и споредливост

Со истражувањето за просечната исплатена месечна бруто-плата по вработен се опфатени исплатените месечни бруто-плати на вработените кои имаат засновано работен однос.

Кога вработените за еден или повеќе месеци не примаат плата, во тој случај се исклучува податокот за бројот на вработени при пресметувањето на просекот за тој месец.

Во податоците за просечната исплатена бруто-плата по вработен, покрај редовните, вклучени се и заостанатите исплати за оние извештајни единици кои нередовно примаат плата.

Податоците за заостанатите исплати за претходните месеци се обработуваат во тековниот месец, без да се врши корекција на веќе објавените и користени податоци.

Дефиниција

Вкупно исплатените бруто-плати опфаќаат: исплатени нето-плати за извештајниот месец, платен персонален данок и платени придонеси за: пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, за вработување, за професионално заболување.

Номиналните индекси се пресметани од апсолутните податоци за просечните бруто-плати, додека реалните индекси на бруто-платите се резултат на односите на номиналните индекси и индексите на трошоците на животот.



Последно ажурирање: 10.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика