Skip Navigation Links
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Drejtësia penale

Statistikat e drejtësisë penale bazohen në të dhënat të cilat grumbullohen nga hulumtimet e rregullta statistikore për autorët e veprave penale, (të rritur dhe të mitur, të denoncuar, të akuzuar dhe të dënuar). Të dhënat janë fituar në bazë të hulumtimeve statistikore nga pyetësorët individualë statistikorë të plotësuar nga prokuroritë themelore publike kompetente dhe gjykatat themelore.
 
 




Treguesit kryesor
 
  Пријавени полнолетни сторители на кривични дела  ( 2023) : 17083

  Обвинети полнолетни сторители на кривични дела  ( 2023) : 7199

  Осудени полнолетни сторители на кривични дела  ( 2023) : 6528

  Пријавени деца сторители на кривични дела  ( 2023) : 433

  Обвинети деца сторители на кривични дела  ( 2023) : 374

  Осудени деца сторители на кривични дела  ( 2023) : 307

Временска серија





Nocione dhe shpjegime

Под поимот полнолетен сторител на кривично дело се подразбира сторител на кривично дело што за време на извршување на кривичното дело имал навршено 18 години, а кривичното дело го сторил како: извршител, соизвршител, поттикнувач или помагач. .

Како пријавено лице-познат сторител се смета полнолетен сторител на кривично дело против кого постапката по кривичната пријава и претходната постапка е завршена со одлука со која: пријавата е отфрлена, истрагата е прекината, истрагата е запрена или е поднесено обвинение-обвинителен предлог. .

Како пријавено лице - непознат сторител. се смета непознато лице сторител на кривичното дело, против кого е поднесена кривична пријава во Јавното обвинителство за сторено кривично дело, а сторителот и по истекот на една година останал непознат.

Под поимот обвинето лице. се подразбира полнолетно лице против кое во судот е поднесено: обвинение, обвинителен предлог или приватна тужба, против кого кривичната постапка со одлука на судот е завршена правосилно.

Под поимот осудено лице. се подразбира полнолетно лице прогласено за виновно и против кое се изречени кривични санкции.

Под поимот дете сторител на кривично дело. се подразбира сторител на кривично дело што во времето на извршување на кривичното дело ималo навршено 14 години возраст, а не навршилo 18 години, а кривичното дело го извршилo како: извршител, соизвршител, поттикнувач или помагач.

Како пријавено дете сторител на кривично дело. се смета секое дете сторител на кривично дело против кое постапката по кривичната пријава не е покрената (пријавата е отфрлена), против кое подготвителната постапка е запрена или е поднесен предлог за изрекување казна или воспитна мерка.

Како обвинето дете сторител на кривично дело. се подразбира дете сторител на кривично дело против кое постапката пред Советот е запрена или не се изречени кривични санкции, како и непресметливо дете против кое е донесена одлука за примена на мерка на безбедност.

Како осудено дете сторител на кривично дело. се смета дете сторител на кривично дело на кое со одлука на судот му е изречена кривична санкција - затвор за деца или воспитна мерка.

Дете што во времето на извршување на кривичното дело навршило 14 години живот, а не навршило 16 години, кој не може да се казни, туку му се изрекуваат воспитни мерки, се смета како дете во судир со закон од 14 до 16 години. Дете што за време на извршувањето на кривичното дело навршило 16 години возраст, а не навршило 18 години, на кој може да му се изрече затвор за деца, се смета како дете во судир со закон над 16 години.


 


© Enti shtetëror për statistikë