Nocione dhe shpjegime
|
Индивидуалните земјоделски стопанства се единици на набљудување во рамките на Структурното истражување на земјоделските стопанства. Земјоделско стопанство е единствена самостојна единица и од технички и од економски аспект, кое врши земјоделски активности во согласност со националната класификација на дејностите.
Користено земјоделско земјиште е земјиште кое се користи за одгледување на земјоделски култури. Тоа претставува збир од површините на користени ораници и бавчи, куќни градини, овоштарници, лозја, ливади, пасишта и расадници на земјоделско земјиште.
Добиток по видови и по категории
Добитокот е опфатен по видови и по категории без оглед на тоа дали во времето на истражувањето е сместен на земјоделското стопанство или на друго место. Со Структурното истражување беа опфатени коњите, говедата, овците, козите, свињите, живината, зајаците и пчелните семејства.
Членови на домаќинствата кои работат на индивидуалните земјоделски стопанства, според возраста и полот.
Лицата на возраст на 15 години и повеќе кои работат на индивидуалните земјоделски стопанства, класифицирани се според школската подготовка, возраста и полот.
Видот на активноста претставува описно определување на носителот, односно на членот на домаќинството, дали работата на земјоделското стопанство му претставува: единствена активност, главна активност итн.
Тип на земјоделско производство на едно земјоделско стопанство се определува преку релативниот придонес на стандардната вредност на производството на различните видови производство на дадено земјоделско стопанство во вкупната стандардна вредноста на производството.
Економската големина на земјоделското стопанство се определува врз основа на вкупната стандардна вредност на производството на стопанството. Земјоделските стопанства се класификуваат според нивниот економски потенцијал во една од 14-те класи на економска големина.
|