Nocione dhe shpjegime
|
Индикаторот на доверба во Анкетата за мислењето на потрошувачите се пресметува како аритметичка средина од балансите (изразени во процентни поени) на одговорите на прашањата за финансиската состојба на домаќинствата, општата економска состојба на државата, очекувањата за невработеноста и штедењето во следните 12 месеци.
Истражувањето за деловните тенденции во трговијата на мало е квалитативно истражување кое ја користи техниката на испитување на мислењата. Тоа обезбедува квалитативни, а не квантитативни (нумерички) податоци од раководителите (менаџери, директори или други членови на раководниот тим) на деловните субјекти. Тие, во своите одговори, даваат оцена (добра, задоволителна, лоша, зголемен, непроменет, намален и сл.) за тековната состојба на главните економски показатели во нивните деловни субјекти и ги искажуваат своите очекувања за движењата на тие показатели во блиска иднина.
Истражувањето за деловните тенденции во градежништвото е квалитативно истражување кое ја користи техниката на испитување на мислењата. Тоа обезбедува квалитативни, а не квантитативни (нумерички) податоци од раководителите (менаџери, директори или други членови на раководниот тим) на деловните субјекти. Тие во своите одговори даваат оценка (добра, задоволителна, лоша, зголемен, непроменет, намален и сл.) за сегашната. состојба на главните економски показатели во нивните деловни субјекти и ги искажуваат своите очекувања за движењата на тие показатели во блиска иднина.
Основната цел на истражувањето за деловните тенденции во преработувачката индустрија е да се добијат брзи податоци за тековната состојба и очекуваните движења на главните економски показатели во деловните субјекти, а со тоа и во посебните оддели на дејности и преработувачката индустрија во целина.
Овие податоци можат да се користат при донесувањето на краткорочните деловни одлуки на деловните субјекти, како и водењето на краткорочната економска политика на земјата. Статистичките серии што се добиваат од ова истражување се особено поволни за набљудување на деловниот циклус и за прогнозирање.
Истражувањето за деловните тенденции во преработувачката индустрија е квалитативно истражување кое ја користи техниката на испитување на мислењата. Тие во своите одговори даваат оцена за тековната состојба на главните економски показатели во нивните деловните субјекти и ги искажуваат своите очекувања за движењата на тие показатели во блиска иднина.
|