Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија во 2018 година се родени вкупно 21 484 деца, од кои живородени се 21 333, а 151 е мртвородено. Бројот на живородените деца во 2018 година, во споредба со минатата година, е намален за 1.9 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 52.4 %, односно на 100 живородени женски деца 110 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец септември (1973).
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 година и кај првите раѓања изнесува 27.3 години.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1990 година.
Во 2018 година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 587 или 12.1 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.