Пред вас е најновото издание на една од најстарите и највредни едиции на Државниот завод за статистика - Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија.
Прикажани на начин којшто на корисниците им го олеснува користењето, статистичките податоци од бројните статистички истражувања, пренесени во табели, графикони и мапи, овозможуваат добивање на јасна слика за демографските и социоекономските состојби во државата во 2018 година.
Освен тоа, во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините. Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Северна Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.
Истовремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се споредени со податоците за Република Северна Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.
Определбата за веродостојна, објективна, квалитетна, навремена и достапна официјална статистика ја потврдуваме и со ова издание на Статистичкиот годишник. Со намера секое наредно издание да биде подобро од претходното, продолжуваме да инвестираме во човечките ресурси и во технологијата и ги очекуваме коментарите, забелешките, конструктивните критики и барањата на нашите корисници.
На тој начин, секој Статистички годишник ќе прерасне во наш заеднички успех, а со тоа станува и движечка сила за растот и развојот на Република Северна Македонија.
Животна средина и географија |
 |
 |
Население |
 |
 |
Здравство, социјални услови и култура |
 |
 |
Правосудство |
 |
 |
Образование и наука |
 |
 |
Пазар на трудот |
 |
 |
Приходи, потрошувачка и цени |
 |
 |
Национална економија и финансии |
 |
 |
Земјоделство |
 |
 |
Индустрија и енергија |
 |
 |
Деловни субјекти |
 |
 |
Надворешна трговија |
 |
 |
Транспорт, туризам и други услуги |
 |
 |
Одржлив развој |
 |
 |
Структурни деловни статистики |
 |
 |
Меѓународен преглед |
 |
 |