Nocione dhe shpjegime
|
Професионални театри се самостојни културно-уметнички организации со постојана управа и постојан професионален уметнички ансамбл.
Аматерски театри се културно-уметнички организации во кои ансамблот се состои претежно од артисти - аматери кои се организационо самостојни или во состав на некој друг деловен субјект.
Професионални театри за деца и младинци се самостојни културно-уметнички организации со постојана управа и постојан професионален уметнички ансамбл кои даваат претстави за деца и младинци.
Филхармонија и симфониски оркестар е музички состав на професионални музичари кои изведуваат симфониска или концертна програма.
Професионален оркестар е музички состав на професионални музичари кои имаат заснован работен однос и изведуваат уметнички музички дела.
Кино е сала или отворен простор опремен со уреди за јавно прикажување на филмови. Организационо, киното може да биде самостоен деловен субјект или единица во состав на: друг деловен субјект за прикажување на филмови, центар за култура, дом на култура, училиште или друг деловен субјект. Кината можат да бидат постојани, летни кино бавчи и подвижни кина.
Кино претстава е јавно прикажување на филмска програма.
Книга е непериодична печатена публикација која содржи најмалку 49 страници, без корици, издадена во земјата и ставена на располагање на јавноста.
Брошура е непериодична публикација која содржи најмалку 5, а најмногу 48 страници, без корици, издадена во земјата и ставена на располагање на јавноста.
Музеите и музејските збирки систематски прибираат, научно обработуваат, чуваат и изложуваат предмети значајни за образованието, науката и уметноста. Уметничките галерии се опфаќаат како уметнички музеи.
Библиотеки - независно од називот, секоја организирана колекција на печатени книги и периодични изданија ли кои било други документи, вклучувајќи графички и аудио-визуелни материјали и услуги на персоналот кој опслужува и го олеснува користењето на тие документи од страна на корисниците заради информации, научни истражувања, образование или одмор.
Јавните радиодифузни претпријатија и трговските радиодифузни друштва вршат радиодифузна дејност која според Законот за радиодифузната дејност подразбира производство, пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиска програма.
Периодична публикација е онаа публикација што излегува во континуирани серии под ист наслов, во еднакви или нееднакви интервали во текот на неопределен временски период. Различните броеви на серијата редовно се нумерирани или секој број носи определена дата. Во периодични публикации спаѓаат весниците и списанијата.
Весници се периодични публикации кои се издаваат заради редовно информирање на јавноста и нивна главна задача е да бидат пишан извор на информации за актуелните настани (домашни и меѓународни) од политички, научен, итературен и спортски карактер.
Списание е периодична публикација којашто содржи прашања од широк интерес или е наменета за студии и документарни информации за определени прашања од областа на уметноста, законодавството, статистиката, инансиите, трговијата, медицината, општествените науки, модата, спортот и друго.
|