Nocione dhe shpjegime
|
Информатичко општество е израз што означува општество во кое информацијата е клучен составен дел на економските и од социјалните активности. Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) - подразбира опрема и програма (хардверска и софтверска опрема) за комуникација и размена на податоци (информации) меѓу два или повеќе субјекти, на пример, радиоприемник, телевизор, факс, сателитска антена, фиксен телефон, мобилен телефон, компјутер, Интернет, електронска пошта. Интернет (World Wide Web) - светска мрежа базирана врз стандардизиран интернетски протокол што овозможува корисниците од различни места да комуницираат и да разменуваат аудиовизуелни информации. Теснопојасна поврзаност дефинирана според типот на интернетската поврзаност вклучува: - Dial-up (дајал-ап) - привремена поврзаност со Интернет преку аналоген (стандарден) модем и стандардна телефонска линија и се смета за типичен пример на нискобрзинска конекција, односно конекција со низок капацитет до 56 килобајти во секунда (Kbit/s). - ISDN - Integrated Services Digital Networк е привремена конекција со Интернет, дизајнирана да овозможи дигитална трансмисија на глас, слика и податоци во исто време, преку вообичаена телефонска бакарна жица со подобар квалитет и брзина (до 128 Kbit/s) од аналогната. - Мобилна теснопојасна интернетска поврзаност - пристап до Интернет од мобилен телефон со мрежен нискобрзински капацитет, на пример, GPRS и друга мобилна поврзаност со низок капацитет од околу 256 Kbit/s, сметајќи го како збир на капацитет во двата правца (download/upload). Широкопојасна поврзаност дефинирана според типот на интернетската поврзаност вклучува: - xDSL - Digital Subscriber Line - технологии (како: ADSL, HDSL, SDSL, VDSL итн.) што пренесуваат податоци со голема брзина (еднаква или поголема од 144 Kbit/s) користејќи ги стандардните бакарни телефонски линии. - Други фиксни (жични или безжични) конекции со висок брзински капацитет: кабелски модем (кабелска ТВ-мрежа), изнајмени линии, ATM, поврзаност со оптичко влакно, сателитска поврзаност, WiFi, итн. - Мобилна широкопојасна интернетска поврзаност - пристап до Интернет од мобилна телефонска мрежа со висок капацитет, употребувајќи ја третата генерација (3G) мобилна технологија базирана врз CDMA (Code Devision Multiple Access) како UMTS (Universal Mobile Telephone System - W-CDMA); CDMA2000x; CDMA2000 1xEV-DO) или некои други висококапацитетни мобилни технологии базирани врз GPRS како EDGE (Enhanced Data rates for Global Evolution - EGPRS) итн.
|