+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Население





Природно движење на населението во Република Северна Македонија во првото тримесечје од 2021 година - претходни податоци -

петок, 28 мај 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.0 % и изнесува 3 896 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 35.8 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 6 925 лица, а  од нив 21 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и  изнесува - 3 029, што значи бројот на живородените деца е помал од  бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 20.9 % во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2 694  бракови.

Во ова тримесечје се добиени 550 извештаи за разведените  бракови.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика