+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Население





Морталитетот во Република Северна Македонија, по општини, во 2020 година

четврток, 17 јуни 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 26.0 % во однос на претходната година и изнесува 25 775 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 13 914 или 54.0 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 108 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.4 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец ноември (3 847).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.3 години кај лицата од женски пол или за 3.7 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите (шифра C00-D48) со 15.2 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 10.9 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90) се застапени со 5.3 % од вкупно умрените, а со 3.7 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика