+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Сточарство





Број на добиток и живина во 2020 година

четврток, 29 април 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, во однос на 2019 година, вкупниот број говеда е зголемен за 2.0 %. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 1.1 %, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е зголемен за 37.0 %.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 67.8 %, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 8.5 %.

Намалување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за    7.3 %, а кај деловните субјекти бројот на овците е намален за 47.0 %.

Во истиот период, бројот на козите е зголемен за 8.5 %.

Бројот на живината во 2020 година е зголемен за 5.2 % во однос на претходната година.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика