Известување за корисниците
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во декември 2013 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на трошоците на животот 100.3.
Во 2013 година, во однос на 2012 година, индексот на цените на мало бележи пораст од 1.3%, а индексот на
трошоците на животот бележи пораст од 2.8%.
Движењето на индексот на цените на мало во 2013 година беше различно по одделни групи на производи.
Пораст на индексите е забележан во групите: Земјоделски производи за 6.4%, Индустриско-прехранбени
производи и Пијалаци за 2.7%, Непрехранбени индустриски производи за 0.8% и Услуги за 0.4%.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2013 година, исто така, беше различно по одделни групи
на потрошувачка.
Пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 6.9%, Хигиена и здравје за 4.7%, Ресторани
и хотели за 3.9%, Исхрана за 3.6%, Тутун и пијалаци за 3.0%, Покуќнина за 1.5%, Огрев и осветление за 1.1%,
Култура и разонода за 0.9%, Останати услуги, неспомнати на друго место за 0.7% и Стан (станарина, вода и
услуги) за 0.6%.
Намалување на индексот е забележано во групата Сообраќајни средства и услуги за 0.8%.
Индексот на цените на мало во декември 2013 година, вo споредба со декември 2012 година, забележа пораст
од 0.7%, а индексот на трошоците на животот забележа пораст од 1.4%.
Индексот на цените на мало во декември 2013 година, во однос на претходниот месец, забележа пораст од
0.4%.
Како резултат на движењето на цените на мало, порастот на трошоците на животот од 0.3% во декември
2013 година, во однос на претходниот месец, е резултат на порастот на индексите кај зеленчукот за 7.6%,
преработките од млеко за 0.4%, свежото и киселото млеко за 0.3% и преработениот зеленчук за 0.2%.
Исто така, во декември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани
за 3.0%, течните горива и гасот за домаќинствата за 2.7%, нафтените деривати за 1.3%, производите за лична
хигиена за 0.5%, обувките за 0.3% и деловите за сообраќајни средства за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во декември 2013 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај овошјето за 4.3%, алкохолните пијалаци за 0.7% и рибата за 0.5%.
Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за
5.7%, авионскиот превоз на патници за 5.4%, електричните апарати за домаќинството за 0.3% и пијалаците во
рестораните и хотелите за 0.2%.