Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Структурни деловни статистики





Деловни услуги, 2022 година

понеделник, 17 јуни 2024


Во 2022 година, најголемиот дел од претпријатијата со над 20 вработени што биле ангажирани во набљудуваните
деловни услуги1) оствариле над 90 % од прометот со обезбедување специјализирани услуги за кои се регистрирани.
Во 2022 година, 31.1 % од прометот со деловни услуги е реализиран од домашните купувачи, 37.0 % од купувачи во
земјите на ЕУ, а 31.9 % во останатите земји. Компјутерските услуги и натаму имаат најголемо учество во вкупниот
промет од деловни услуги, односно 76.1 %.
Деловните субјекти ангажирани во компјутерските услуги остваруваат најголем дел од прометот од странски клиенти,
односно 79.5 %, и тоа, главно, од земјите на ЕУ (39.8 %). Според видот на услугата, прометот е реализиран, главно,
од прoдажба на специјализирани услуги за компјутерско програмирање со 62.7 %, обработка на податоци со 12.9 %,
компјутерски консултантски услуги со 5.8 %, а 1.9 % од продажба на компјутери, компјутерска периферна опрема и
софтвер.
Во областа на рекламирањето, најголем дел од прометот, односно 58.1 % се реализира со продажба на услуги од
рекламните агенции, и тоа 25.9 % од продажба на огласен простор или време со надомест или врз база на договор,
17 % од директен маркетинг, 11.9 % од комплетна изработка на реклами и 3.4 % од развој на концепт за реклама. Од
услугите за огласување преку медиуми се остварени 30.9 % од прометот, најмногу од продажба на простор или време
со надомест или врз база на договор, и тоа 17.9 % на ТВ или радио, а 7.8 % преку интернет.
43.5 % од прометот на деловните субјекти специјализирани за давање правни услуги е реализиран со давање правни
совети и застапување во судски спорови од деловното и трговското право, 31 % од граѓанското, додека 10.4 % од
областа на работното право.
Во делот на сметководствените услуги, 27.5 % од вкупниот промет се реализирани од финансиска ревизија,
22.7 % од сметководствени услуги (18 % од подготовка на годишни финансиски извештаи), 11 % од услуги во врска со
даноците, додека 38.8 % од прометот се реализирани од продажба на останати услуги.
Прометот на деловните субјекти што обезбедуваат консултантски услуги, главно, е реализиран од услуги во врска
со управување на работењето, односно 35.4 %, од кои 21.5 % за управување со човечкиот потенцијал, а 9.5 % од
управување со деловните процеси, од услуги за односи со јавноста 12.1 %, а 32.9 % се реализирани од услуги за
управување со проекти.
Агенциите за вработување реализирале најголем промет од 59.4 % со посредување за привремени вработувања,
најмногу за обезбедување помошен канцелариски кадар (23.8 %), транспортни, магацински, логистички или
индустриски работници (15.8 %), комерцијален и трговски кадар (7.5 %) и компјутерски и телекомуникациски кадар
(6.1 %). Од останатите најголемо е учеството на услугите за посредување при вработување на неопределено време,
односно 38 %, од кои 6.2 % се за избор на раководен кадар.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика