Во 2022 година, 1 727 или 2.6 % од вкупниот број активни пазарноориентирани претпријатија (67 296) во рамките
на набљудуваните сектори1) биле странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство. Тие
ангажирале 20.9 % од вкупно вработените, реализирале 40.4 % од вкупниот промет, односно 32.9 % од вкупната
бруто-додадена вредност во набљудуваниот опфат, што укажува на нивното значително влијание врз домашната
економија.
Најбројни се оние во секторот Трговија на големо и на мало и поправка на моторни возила (30 %). Најголем дел од
вработените, околу 74.9 %, се ангажирани од секторите Преработувачка индустрија (52.2 %), Трговија на големо и
мало (12.4 %) и Информации и комуникации (10.3 %).
Најголем придонес во додадената вредност на странските филијали имал секторот Индустрија со 51.5 %
(Преработувачката индустрија со 37.2 %, Вадењето руда и камен со 6.8 % и Енергијата со 7.4 %), потоа Информации
и комуникации со учество од 16.9 % и Трговија на големо и на мало и поправка на возила со 13.3 %.
Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји (80.7 %). Земјите членки на ЕУ контролираат
57.6 % од странските филијали, во кои се ангажирани 66.7 % од вработените и учествуваат со 65.1 % во додадената
вредност.
Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 16.6 %,
Холандија со 12.0 %, Обединетото Кралство со 10.6 % и Германија со 9.6 %. Нивното учество во вкупната додадена
вредност на домашната економија1) изнесува 16.1 %, што значи дека вкупната додадена вредност е во толкава мера
под контрола на претпријатијата со мнозински странски капитал.