Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Попис на продажните капацитети во трговијата на мало





Попис на продажните капацитети во трговијата на мало, 2016 - Први резултати

вторник, 14 февруари 2017


Пописот на капацитетите во трговијата на мало се спроведе заедно со Пописот на капацитетите во угостителството,
во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година, на целата територија на Република Македонија. Целта на Пописот
беше да се обезбедат податоци на ниво на целата земја за бројната состојба на продавниците на мало, видот
на продавниците по видови продажба, трговската струка на продавниците, големината на продажниот простор,
прирачниот магацин и бројната состојба на работниците.
Во Република Македонија вкупно се попишани 18 749 продажни капацитети во трговијата на мало. Од тоа,
18 266 се продавници (сите видови) и 483 се бензински станици. Најголема концентрација на продажни
капацитети (сите видови продавници и бензински станици) има на територијата на Скопскиот регион, 23.8%.
Гледано по општини, најголема концентрација има во: Тетово 8.1%, Куманово 6,9%, Битола 6.1%, Прилеп 5.4%,
Центар 5.3%, Струмица 4.4%, Гостивар 4.0%, Чаир 3.9%, Охрид 3.8%, Велес 3.4% и Струга 3.3%. На територијата
на овие општини се концентрирани повеќе од половина од продажните капацитети во трговијата на мало,
односно 54.6%.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика