Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Активно население во Република Северна Македонија во четвртото тримесечје од 2023 година

петок, 08 март 2024


Во соопштението се прикажани резултати од Анкетата за работната сила (АРС) за четвртото тримесечје од 2023
година.
Овие податоци не се споредливи со податоците од претходните тримесечја од другите години, бидејќи во 2023
година е имплементирана новата Регулатива (ЕУ) бр. 2019/1700 на Европскиот парламент и Советот за социјална
статистика и соодветната извршна регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 2019/2240 за областа на работната сила, при
што претходната Регулатива (ЕЗ) бр. 577/98 е укината.
Примената на новата регулатива предизвика промени во истражувањето, почнувајќи со промени во дизајнот на
прашалникот, промена во редоследот на прашањата, промени и отстранување на постојните и додавање нови
прашања, промени во опфатот и дефиницијата за вработеност и невработеност.
Споменатите промени предизвикаа прекин на временските серии на податоци. Планирано е да се пресметаат
ревидирани серии на основните показатели за вработеноста и невработеноста за периодот од првиот квартал од
2009 до четвртиот квартал од 2022 година за да се овозможи споредливост на податоците.
Подетални резултати од Анкетата за работната сила може да се најдат во базата МакСтат на линкот:





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика