Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во четвртото тримесечје од 2012 година -претходни податоци

четврток, 21 февруари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје
од 2012 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 15,0% и изнесува 6 254
живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2012 година бележи намалување од 3,2% во споредба со
истото тримесечје од 2011 година и изнесува 4 921 лице, а од нив 57 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1 333 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14,4% во споредба со истиот период
од 2011 година и изнесува 3 299 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување за 5.2% во споредба со истиот период
од 2011 година и нивниот број изнесува 490.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика