Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија, третото тримесечје од 2010 година

-претходни податоци-


петок, 26 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2010 година, во споредба со третото тримесечје од претходната година, е зголемен за 2.7% и изнесува 6 592 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2010 година бележи зголемување од 5.0%, во споредба со третото тримесечје од 2009 година, и изнесува 4 587 лица, од нив 41 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 2 005 лица, што значи дека за толку е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3% во споредба со истото тримесечје во 2009 година и изнесува 4 125 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во однос на истото тримесечје во 2009 година и нивниот број изнесува 451.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика