Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во четвртото тримесечје од 2011 година
-претходни податоци-


вторник, 21 февруари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2011 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.7% и изнесува 5 492 живородени деца.


Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2011 година бележи зголемување од 0.8% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 4 937 лица, а од нив 30 се умрени доенчиња.


Природниот прираст изнесува 555 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.


Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 4.7% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 3 861 брак.


Разведените бракови во ова тримесечје од годината се на исто ниво како и во четвртото тримесечје од 2010 година и нивниот број изнесува 488.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика