Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија, второ тримесечје од 2011 година -претходни податоци

петок, 26 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2011 година, во споредба со второто тримесечје од претходната година, е намален за 10.0% и изнесува 5 577 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2011 година бележи зголемување од 0.9% во споредба со истото тримесечје од 2010 година и изнесува 4 745 лица, а од нив 47 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 832 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.4% во споредба со истото тримесечје од 2010 година и изнесува 3 600 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување во однос на истото тримесечје од 2010 година и нивниот број изнесува 435.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 816

е-пошта:  danica.mitkovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика