Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Северна Македонија во првото тримесечје од 2019 година - претходни податоци

среда, 29 мај 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 13.3 % и изнесува 4 555 живородени деца.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 3.7 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 5 631 лице, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1076, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 2 688 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 394 извештаи за разведените бракови или 75 помалку во споредба со истиот период од претходната година.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика