Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во третото тримесечје од 2018 година -претходни податоци

среда, 28 ноември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2018
година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 0.7 % и изнесува 5 654 живородени деца.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 6.7 % во споредба со истото
тримесечје од 2017 година и изнесува 4 423 лицa, а од нив 28 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1 231, што значи за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на
умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 11.4 % во споредба со истиот период од
2017 година и изнесува 4 159 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 397 извештаи за разведени бракови.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика