Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во четвртото тримесечје од 2017 година - претходни податоци -

вторник, 27 февруари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од
2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.3% и изнесува 5 352 живородени
деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12.6% во споредба со истото
тримесечје од 2016 година и изнесува 4 848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од
бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од 2017 година бројот на склучените бракови е 3 119, што претставува зголемување за 6.9% во
споредба со истиот период од 2016 година.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590, што претставува намалување од 9.8% во споредба со истиот
период од 2016 година.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика