Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во третото тримесечје од 2017 година
- претходни податоци -


вторник, 28 ноември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје
од 2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.7% и изнесува 5 866
живородени деца.


Бројот на умрените лица, во третото тримесечје од 2017 година, бележи зголемување од 3.4% во споредба со
истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 823 лицa, а од нив 64 се умрени доенчиња.


Природниот прираст изнесува 1 043 лица, што значи бројот на живородените деца е поголем за толку лица од
бројот на умрените лица.


Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 8.2% во споредба со
истиот период од 2016 година и изнесува 4 670 бракови.


Во ова тримесечје од 2017 година се регистрирани 399 разведени бракови, што претставува зголемување од
27.1% во споредба со истиот период од 2016 година.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика