Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Природно движење на населението во Република Македонија во третото тримесечје од 2016 година
-претходни податоци-


петок, 25 ноември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје
од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 2.4% и изнесува 6 298
живородени деца.


Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2016 година бележи зголемување од 3.9% во споредба со
истото тримесечје од 2015 година и изнесува 4 716 лицa.


Природниот прираст изнесува 1 582 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица.


Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 4.4% во споредба со истиот период
од 2015 година и изнесува 4 288 бракови.


Во ова тримесечје од 2016 година се регистрирани 380 разведени бракови што претставува намалување од
10.2% во споредба со истиот период од 2015 година.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика